Колото на српските сестри ја одбележа Цветната недела со хуманитарни активности
06.04.2026 18:26
| KumanovoNews
Колото на српските сестри со повеќе активности ја одбележа Цветната недела, посветена на верскиот празник „Цветници“.
„Активностите ги започнавме со садење цвеќе од дечињата во детската градинка. Во петокот во сите училишта плетевме венчиња, кои ги поделивме на дечињата на Лазарева сабота. Денеска ја завршуваме манифестацијата со изработка на цветни икебани од ученички од средните училишта“, изјави Живка Христовска, претседателка на здружението.

Икебаните ќе бидат продадени, а средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Оваа манифестација се организира втора година по ред, а проектот е поддржан од Општина Куманово.
