Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Тоде Илиќ се простија членовите на потесното семејство, советници, директори на јавните претпријатија и установи
Во општината Куманово, претпладнево се одржа комеморативна седница на Тоде Илиќ, поранешен претседател на Собранието на Куманово. На комеморацијата покрај членовите на потесното семејство, присуствуваа и советници, директори на јавните претпријатија и установи.
За општествено - политичката дејност и придонесот на Илиќ за Куманово говореше градоначалникот Зоран Дамјановски.
Уште од млади години е задоен со хуманистички идеи, чувство за правда и солидарност во општеството. Во 1981 година е избран за претседател на општествениот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија - Куманово. Од 1984 до 1986 година е претседател на Собранието на Општина Куманово. Во период од осамостојување на Република Македонија бил советник во првиот советнички состав на Општина Куманово од 1995 до 1999 година, по што заминува во пензија. Драги наш Тоде во овој момент кога се збогуваме со тебе тешко ни е да се помириме со фактот дека те изгубивме - изјави Дамјановски.
Илиќ е роден во 1943 година и потекнува од првоборечко семејство. Се школувал во Куманово, а студиите ги завршил во Белград. Во родниот град се враќа како дипломиран инженер технолог и се вработува во мелничко - пекарската индустрија. Во својата стопанска дејност тој набргу станува технички, а потоа и генерален директор.
Тоде Илиќ ненадејно почина завчера вечер во 71- та години од животот, а ќе биде погребан денеска на Градските гробишта во Куманово.