Комисија ќе утврдува дали има пропусти во работењето на ЦУК Кратово и Куманово, во случајот со премрзнатиот сточар

06.04.2021 - 16:58

Центарот за управување со кризи формираше комисија која треба да уврдува дали има пропусти и слабости во примената на стандардните оперативни процедури во работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово и Куманово, заради целосно расветлување на случајот за координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од с. Емирица.

Комисија ќе утврдува дали има пропусти во работењето на ЦУК Кратово и Куманово, во случајот со премрзнатиот сточар

„Комисијата детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризии, за истите да бидат надминати во иднина. Центарот за управување со кризи, помина од зборови на дело - почна работата на Комисијата за случајот спасување премрзнато лице во Кратовско што предизвика големо внимание во јавноста и што отвори повеќе прашања во општеството. ЦУК, во рамки на своите надлежности, се ангажира и работи за да се зголемат сестрано можностите, процедурите и капацитетите во системот за управување со кризи коишто се важни за спасување на животи“, стои во соопштението.



2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk