×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Компаниите наидуваат на административни бариери кои го развлекуваат процесот на инвестирање, кажа Петрова по посетата на кумановските фирми

    15.02.2024 16:45 | Оливера Пешевска

    Дополнителната заменичка министерката за финансии Елена Петрова, денеска беше посета на неколку приватни компании во Куманово, со цел да се запознае со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа.

    Компаниите наидуваат на административни бариери кои го развлекуваат процесот на инвестирање, кажа Петрова по посетата на кумановските фирми

    Таа оствариле средба со менаџерските тимови на компаниите „Стил Кон“, „Бучен Козјак“, „Агро Стар“ и „Клечовце“.

    Првиот впечаток што го добила е дека секаде постои едно големо разорачување, дека работите во економијата одат постојано кон полошо. Од друга страна, кај сите постои воља да инвестираат и вложуваат во проширување на своите капацитети.

    „Во делот на инвестирањето, беше посочено дека тешко е да се реализираат инвестиционите проекти, бидејќи компаниите наидуваат на многу административни бариери и пречки, неконсолидираност на институциите и тоа ги развлекува, ги прави долготрајни и по неколку години процесите на инвестирање и проширување на нивните капацитети. Промените во даночната политика минатата година им создаваат дополнителни трошоци во делот на мерките на мотивирање и задржување на работната сила, една насушна потреба за да можат да ги прошируваат своите бизниси и капацитети и на тој начин да ја развиваме домашната економија. Тука е и нарушувањето на слободната конкуренција и нефер практиките кои произлегоа од мерките за сузбивање на инфлацијата и потребата за подобра инфраструктура во руралните средини. Ја нагласија потребата за подобра финасиска дисциплина меѓу економските оператори, особено изложеноста на проблеми кои призлегуваат од потешкотии да се регулираат должничко-доверителните односи, постоењето на сива економија и субјекти кои иако се влезени во регуларниот режим сепак работат како фантоми со блокирани сметки и непостоење на фискални апарати за регулирање на готовинскиот промет“, изјави Петрова, по посетата.