Концерт на Дуо Скупи
11.11.2014 15:29
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 19.30 часот концерт ќе одржи Дуо Скупи од Скопје.
Дуо скупи постои од 2006 година и од тогаш настапува на фестивали, манифестации и рецитали во Македонија, во Европа (Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово, Република Србија, Бугарија) и САД.
Добитник е на признание "Истакнати музичари" на меѓународниот натпревар во Рагуса, Италија.
Во Скопје, Дуо скупи е добитник на едно од најзначајните признанија во државата: Статуетка за хумани и музички активности "Мајка Тереза".