Концерт на духовна и класична музика во црквата „Св. Никола“
16.04.2026 18:14
| KumanovoNews
Во црквата „Св. Никола“ во Куманово утре, со почеток во 19 часот, ќе се одржи концерт на духовна и класична музика во изведба на оркестарот и солистите на „Симфониум“ од гимназијата „Гоце Делчев“.
Концертот е насловен „Духовна светлина и воспев“, а ќе се реализира под диригентската палка на професорот Филип Петровски.
Публиката ќе има можност да ужива и во изведба на музика од делото „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на музиката да дојдат на концертот.