Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, концерт ќе одржи пијанистката Елена Костовска.
Концертот е насловен како “Француско– шпански ароми“ и е подржан од Министерството за култура на Република Македонија. На програмата се дела од Шопен, Дебиси, Гинастера и други. Костовска е родена во Скопје, каде го завршува средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во пијано класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањео на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година е примена на постдипломски студии по пијано на Високата школа за музика во Есен Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и Сорос Фондацијата. По завршувањето на постдипломските студии во Германија од 1999 до 2003 година, работи како корепетитор на гудачка класа при ДМБУЦ, а моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ.