Концерт на „Трио Џентлмен“ пред Центарот за култура
На платотот пред Центарот за култура утре /среда/ со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на отворено на „Трио џентлмен“.

Музичкиот состав е добро познат на кумановската публика, а ќе изведат популарни македонски поп и народни евергрини, како и неколку италијански канцони.
Триото е составено од оперски пејачи: Дејан Стоев- тенор, Кристијан Антовски- баритон и Јане Дунимаглоски- тенор.
„По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто невидено на нашите простори. Различни ги прави тоа што прават спој на операта со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен тризвук“, стои во најавата за концертот.
На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир,наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако дел од македонското творештво. Постојат 9 години и имаат настапувано низ Македонија и надвор од нејзините граници.