Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 18 часот, Здружението на пензионери Куманово ќе одржи целовечерен концерт насловен како „Пензионерите за својот град“.
Овој концерт се организира по повод празникот на градот - 11 Ноември. Ќе настапат ансамблите „Ѓоко Симоновски“, пензионерите од Кочани и „Срма“ од Куманово. За сите посетители влезот е слободен.
Пред почетокот на концертот, во 17.30 часот во холот на Центарот за култура ќе биде отворена изложба со сликари аматери кои се членови на нашето Здружение. По завршување на концертот ќе има дружење со кочанските пензионери - рекоа од Здружението на пензионери Куманово.
„Пензионерите за својот град“ се одржува повеќе од една деценија.