Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите културни настани кои ги организира Фондацијата за култура и спорт, Кумановскиот музеј и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ќе се одржат до крајот на август се ставени во програмата на „Кумановско културно лето“, по пишувањето на Кумановоњуз дека таква манифестација му недстасува на градот.
„До сега ги потврдувавме датумите на кои одредени манифестации, приредби или настани ќе се случуваат, па не можевме порано да објавиме официјална програма. Дел од нив не се под наша надлежност и организација и не можеме да влијаеме на тоа за кога ќе се закажт или кои гости ќе бидат повикани. Секоја година доставуваме предлог-програма до Советот, но за дел од настаните што сакаме да ги организираме едноставно нема доволно средства“, вели Марио Арангеловски, директор на Фондацијата.
Предходно директорите на културните институции кажаа дека немаат однапред утврдена програма и координаија, па секој поединечно прави план што ќе организира, поради тоа некои настани се одржуваат во ист ден. Една од причините беше наведена и што нема доволно пари за разноврсна и побогата понуда.
Според сегашната најава од понеделник се закажани четири настани: „Музика, цртање и читање на приказни со актери“,„Ехо-фестивал на планински филм“,„Рома труба фест“ и „Меѓународен фолклорен фестивал“. Последните две манифестации се одржуваат во ист термин.
Kон крајот на јули и почетокот на август следува концерт посветен на Илинденските празнувања, бдеењето во Кокино и Интернационална ликовна колонија и изложба на дела настанати на истата.
Кон крајот на август nа платото пред Центарот за култура концерт ќе има „Трио Џентламен“, потоа Хип Хоп Тумсток фестивалот, Тумба фест, Меѓународниот тамбурашки фестивал, како и неколку други културни настани.