Конечен договор за државна матура – два екстерни и два интерни предмети ќе полагаат матурантите во јуни

18.02.2021 - 16:05

Премиерот и лидерот на средношколците, го објвија денешниот договор за државната матура.

Конечен договор за државна матура – два екстерни и два интерни предмети ќе полагаат матурантите во јуни

Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети, а полагањето се одложува за една недела, па наместо стариот датум 29-ти мај, испитите ќе започнат на 5-ти јуни.

Премиерот порача дека ги охрабрува сите млади да бидат гласни и да се борат за подобрување во секој проблем.

Од Сојузот на средношколци честитаа за нивната упорност до сите кои останале до самиот крај во оваа борба, но посочија дека тие не бараат да не учат, туку да добијат промени кои се од клучно значење за полагање на матурата.

Објаснети беа и следните детали кои треба да бидат комплеитрани. Работната група да ја заврши работата најдоцна до месец март, материјалите за испитите да бидат достапни на учениците најмалку 3 недели пред испитот, а банките со прашања да содржат најмалку 60 а најмногу 100.

(Д.Д.)


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk