Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на 2 и 3 мај во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе го одржи 15-от конгрес.
На конгресот ќе биде избран претседател на партијата. Ќе има 560 делегати на конгресот избрани по различен основ, најголем дел од нив избрани од страна на општинските комитети на партијата. Подготовките за конгресот веќе се започнати.