Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод одбележување на 10 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, Министерството за образование распишува конкурс за есеи на тема “Верувам во Македонија“.
Можат да учествуваат средношколците од сите средни училишта во државата со еден есеј со најмногу 500 збора. На есејот треба да стои шифра и во посебен внатрешен плик означен со истата шифра да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме, година на образование, училиште, општина и контакт телефон), кој ќе биде отворен само по извршениот избор за наградените есеи.
Есеите потребно е да се пратат најдоцна до 10 - ти февруари 2014 година, до Министерство за образование и наука на адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 , 1000 Скопје.
Имињата на наградените ќе бидат објавени до 20 февруари, а наградите ќе бидат доделени во последната недела од февруари.