Конкурс за есеи за средношколци
19.11.2015 09:49
| KumanovoNews
YES Алумни Македонија при Американски совети за меѓународно образование по шести пат распишува конкурс за најдобар есеј.

Темата е „Важноста на интернационалното образование“. Можат да учествуваат ученици од 1 до 4 година средно со есеј на англиски јазик, кој се состои од 500 до 800 зборови. Творбите со личните податоци на учесникот треба најдоцна до 27 ноември 2015 година, да се испратат на емаил адреса: [email protected] со назнака Essay Competition 2015. На 15 декември ќе се знаат победниците.