×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Контејнери за електричен отпад поставени на три локации во Куманово

    18.09.2023 15:22 | Оливера Пешевска

    На паркингот кај Противожарната станица, Спортскиот базен и на локалитетот Кошеви во населбата Гоце Делчев, се поставени пунктови за собирање на електричен и електронски отпад во Куманово. 

    Контејнери за електричен отпад поставени на три локации во Куманово

    Контејнерите ги постави ЈП „Чистота и зеленило“, Куманово, бидејќи количините на ваков отпад постојано раснат, а истиот се смета за високо токсичен, доколку не се третира правилно.

    „Досега ваквиот отпад се мешаше и се отфрлаше заедно со комуналниот, што е неправилно и може да доведе до испуштање на опасни, канцерогени материи и тешки метали. Затоа се решивме, заедно со Општина Куманово да поставиме пунктови на кои би се собирал токму ваквиот отпад. Ние,како претпријатие редовно ќе ги празниме овие собирни садови“, изјави директорот Даниел Стојчевски.

    Електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина. Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.

    Истовремено од претпријатието поставуваат  20 нови, полуподземни контејнери на улиците „Лесковачка“ и „Тоде Думба“ во населбата Гоце Делчев. Уште 40 други чекаат да бидат ставени во употреба.

    „Со новопоставените 20 на територијата на Куманово досега има инсталирано 80 такви контејнери“, истакна Стојчевски.

    Како дел од редовните активности „Чистота и зеленило“ продолжуваат интензивно да работи на расчистување на зелените јавни површини.