Мени

Контрола во угостителски објекти во Куманово - затекнати малолетници и под дејство на алкохол

15.12.2025 10:50 | KumanovoNews

Полициски службеници во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, викендов извршиле контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово. 

Контрола во угостителски објекти во Куманово - затекнати малолетници и под дејство на алкохол

„При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица. Во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден од нив, од слобода е лишена 45-годишна жена, која го изнајмила просторот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејство на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти МВР. 

Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство. 

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.