×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „КООП Инженеринг“ го доби тендерот од 80.000 евра за зимско одржување на улиците во населбите и селата во Куманово

    30.11.2023 10:26 | Оливера Пешевска

    Зимското одржување на улиците и патиштата во населбите и кон селата Општина Куманово ќе ја чини 4.844.844 денари со вклучен ДДВ, или околу 80 илјади евра. Чистењето ќе го врши приватната компанија „КООП Инженеринг“ од Куманово, која го доби тендерот во поедноставена јавна постапка по критериум најниска понудена цена.

    „КООП Инженеринг“ го доби тендерот од 80.000 евра за зимско одржување на улиците во населбите и селата во Куманово

    Договорот е склучен кон средината на ноември, а плаќањето се извршува по вистински извршените работи внесени и заверени во дневникот за работа, кој изведувачот е должен да ја води.

    „Изведувачот на работите е должен услугите да ги извршува квалитетно и навремено, со потребниот персонал, механизација и по приоритет. Должен е да започне со работа веднаш по отпочнато паѓање на снег и пред појава на подмразица. За квалитетот и навремено извршување на работите надзор врши стручно лице на Општина Куманово“, стои во договорoт објавен на страницата за јавни набавки.

    Улици од прв приоритет кои треба да се чистат во источната зона се: Тоде Мендол, АВНОЈ, Видео Смилевски Бато, патот кон пораншениот хотел Куба, Ленинова, Драган Стопаревиќ, Лесковачка, Биљановска(до градските гробишта) и Бранко Богдански Гуцман.

    Со второстепена важност се класифицирани улиците Кирил и Методиј, Перо Чичо, Прва Петолетка,Теофан Економов, Никшиќка, Михајло Пупин, Васко Карангелески, Пионерска, Панчевачка, Титова Митровачка.

    На западниот дел од градот покриени се 11 Ноември, Индустриска, Тоде Мендол, Христијан Тодоровски Карпош, Никола Тасевски, Бајрам Шабани, ЈНА, Сава Ковачевиќ. Од втора категорија по важност се Илинденска, Братство Единство, Србо Томовиќ, Страшко Симонов, Ѓуро Ѓаковиќ, Поток Серава, Бошко Буха, Косовски бригади, Милан Зечар, Тодор Велков.

    Што се однесува на регионалните патишта имаат должност да ги расчистат од Куманово до селото Тромеѓа, од населбата Вера Которка и од Куманово до селото Биљановце, од Доброшане до Шупли Камен и до селото Градиште. Чисти и проодни трева да се и патиштата кои водат до Долно и Горно Којнаре, Речица, Четирце, Пчиња, Табановце, Сопот, Агино Село, Довезенце, Војник, Клечовце и други населени места кои припаѓаат на територија на Општина Куманово.

    За булеварите и улиците во централното градско подрачје е задолжено ЈП „Чистота и зеленило“, кое за услугата ќе добие 50.000 евра.

    Во првата зона спаѓаат булеварите Трета МУБ и Октомвриска револуција, улиците Народна револуција, 11 Октомври, Гоце Делчев, Доне Божинов, Ѓорче Петров, Тоде Думба, Видое Смилевски Бато. Јавното претпријатие има обврска да ги расчистува и плоштадите и тротоарите во централното градско подрачје.