×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Корекција на хонорарите за функционерите на Здружението на пензионери Куманово предлага Извршниот одбор, одлуката ќе ја донесе Собранието

    27.02.2024 13:13 | Оливера Пешевска

    Собранието на Здружението на пензионери Куманово во четврток ќе одлучува дали ќе се зголемат хонорарите на  функционерите на Здружението на пензионери Куманово, откако Извршниот одбор доставил предлог-одлука за корекција на месечниот надомест. 

    Корекција на хонорарите за функционерите на Здружението на пензионери Куманово предлага Извршниот одбор, одлуката ќе ја донесе Собранието

    Со новиот предлог се предвидува претседателот на здружението да добива 14 илјади денари наместо досегашните 12.000 денари, потпретседателот и секретарот по 13.000 денари, наместо 11.000 и 10.000 денари, додека претседателот на Собранието 6.000 денари.

     Исплатата на хонорари на раководствата на здруженија се регулирани со одлука на Сојузот на здруженија на пензионери, според бројот на членови. Кумановското здружение има повеќе од 16 илјади членови, што го вбројува во едно од најголемите здруженија во државата.

    „Со оваа одлука претседателот на здружението, кој е истовремено претседател и на извршниот одбор на национално ниво треба да добива 15 илјади денари, за потпретседателот и секретарот по 13.500 денари, на претседателот на Собранието му следуваат 7,5 илјади денари. Ние предложивме сепак надоместоците да бидат нешто пониски од тоа што го предвидел сојузот“, кажа претседателот Ристо Бошков.

    Дел од активните членови на здружението сметаат дека претседателот на Собранието е волонтерска функција, за што не следува надоместок. Бошков го цитираше член 16, алинеја 11 од Статутот на здружението во кое стои „Собранието одлучува за именуваните функционери за чие вршење се дава надоместок на носителите на функциите, како и висината на надоместокот“.  Затоа Извршниот одбор смета дека предлог- одлуката е во согласност со законот и статутот.

    Минатата година за покачувањето на надоместоците на функционерите од претходниот состав беше обелоденето дека било незаконско, што предизвика превирања во самото здружение. Тогаш беа поднесени пријави до МВР, УЈП и Јавното обвинителство во Куманово, по што беше подигната кривична пријава против поранешниот претседател Благе Јакимовски. Во изнесеното објаснување стоеше дека одлуката за зголемување на надоместоците ја донеле сами и своеволно, без да помине на гласање таквиот предлог пред членовите на пензионерското собрание. Тројцата функционери тогаш вратија 60.000 денари од средствата на сметката на здружението.

    На пензионерските протести во август, меѓу барањата за линеарно зголемување на пензиите се најде и условот претставниците во органите и телата на здружението да не добиваат надомест за нивната работа, а не како досега да им се иплаќа месечен хонорар.

    Сегашното раководство на Здружението на пензионери Куманово е избрано на 23 март 2023 и имаат мандат од 4 години.

    Во Куманово во моментов има околу 16.500 пензионри кои секој месец од својата пензија одвојуваат по 27 денари за локалните претставници. Тоа значи дека во касата на здружението само по тој основ се слеваат над 445 илјади денари месечно.