×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Корени“ одбележа десет години постоење

    09.11.2012 10:05 | KumanovoNews

     Мултиетничкото списание “Корени“ синоќа го прослави десет годишениот јубилеј во Центарот за култура Трајко Прокопиев.

    “Корени“ одбележа десет години постоење

    Уредникот на списанието и претседател на Здружението за наука и култура “Парадигма“, Димитар Масевски вели дека досега се издадени 42 броја, напишани 6313 страници и промовирани многу поети, културни дејци. Списанието почнало да се печати во 2002 година, за да ги смири меѓуетничките тензии веднаш по воениот конфликт од 2001 година во Македонија. Натписите се на шест јазици, кои се наведени во Уставот на Република Македонија, а воспоставена е соработка со бугарски автори.

    - Нашата структура е таква што имаме текстови за сите слоеви, од општествено - политички, современи, книжевен мозаик со поезија, проза, до роднокрајниот дел каде што се поместени текстови од историјата на Куманово. Откривме многу ликови за кои кумановци не знаеја. Тука е ликот на Владимир Антонов, општински инженер кој го има изградено речиси пола Куманово, убавата градска архитектура, занаетчискиот дом, општинската зграда. Ги бараме боемите кумановски,бараме луѓе кои по нешто се издвоиле од масата. Бараме што повеќе материјал за да оставиме за идните генерации. Успехот на “Корени“ ќе се цени во некое друго време - објаснува Масевски.

    Оваа година прва награда за најдобар есеј не се додели, а второ место освоија Христо Петрески од Македонија и Цонка Христова од Бугарија. Трети се авторите од БИХ, Суад Алагич и Антон Зирдун. Промотивната вечер е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.