Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ на 12 септември ќе оддржи конференција на која ќе се бираат највисоките партиски тела: извршниот и надзорен одбор.
Новиот мандатар Мартин Костовски деновиве треба да изготви предлог листа со 18 кандидати за членови на извршен одбор и 5 на надзорен одбор, кој откако ќе го поминат филтерот во централата ќе се верификуваат на конференцијата.
Новиот извршен одбор за дел од јавноста ќе биде изненадување, меѓутоа ќе се темели на стручни лица, луѓе кои ќе бидат посветени и кадарни, оние што имаат нови визии и заложби за унапредување и развој на општинската организација на СДСМ, кои со својот кредибилитет и авторитет во средините во кои што живејат и со својата работа ќе придонесат СДСМ да се врати на патеките на кои беше во некои подобри времиња. Меѓу нив ќе има и луѓе кои до сега не биле дел од структурите на партијата, меѓутоа ќе ни значат многу за промоција и унапредување на нашата партиска организација-изјави претседателот Костовски за Кумановоњус.
Во тимот со кој новиот мандатар ќе работи во наредните четири години ќе има повеќе жени и млади луѓе од предходните состави, а ќе се води сметка и територијалната рамноправност.