„Крепост“ донираше за децата со посебни потреби во „Браќа“
Хуманитарната организација „Крепост“ заедно со фирмата „ Синерџи Солушн“ од Куманово, денеска донираше стотина пакетчиња за децата од посебните паралелки во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Целта е со оваа хуманитарна акција да им ги разубават претстојните празници на децата и да им посветат внимание.
Сметавме дека на овие деца треба да им се излезе во пресрет, тие имаат посебни потреби кои секој треба да ги разбере, да се грижиме за нив. Тие се дел од нашето општество, наши граѓани. Се гледа дека сите беа презадоволни. Не очекуваа дека ќе добијат вакво изненадување, пакетчиња заедно со Дедо Мраз. Мислам дека измамивме насмевка на овие деца - изјави Христијан Георгиевски, претседател на „Крепост“.
Тој апелираше и другите субјекти да не ги заборават овие деца, а тие како организација и во иднина ќе донираат за нив.
Многу сме среќни и радосни што секоја година имаме се поголем број на пријатели, кои едноставно имаат добра волја и желба, доаѓаат и ни помагаат на вакви денови. Нова година е убав повод. Понекогаш многу малку носи многу на некој - вели Милена Илиќ Пешиќ, помошник директор во „Браќа Миладиновци“.
Таа се заблагодари од името на училиштето, децата и родителите за донацијата.