×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Крепост“ ги разубави празниците на 12 сиромашни семејства

    08.01.2016 14:49 | KumanovoNews

    Хуманитарната организација „Крепост“ за божиќните празници донираше храна и облека за 12 сиромашни семејства.

    „Крепост“ ги разубави празниците на 12 сиромашни семејства

    Со оваа донација на болните, сиромашните граѓани и многудетните семејства им ги разубавија празниците. Покрај загрозени граѓани од Куманово, беа опфатени и луѓе кои живеат во рурални средини и на кои им е потребна помош.

    Дониравме за семејства во Драгоманце и Ливади. Од вкупно 12 семејства, 3 се многудетни семејства, а 3 се со болни лица, и другите се сиромашни граѓани кои живеат во една соба. Дониравме храна која е потребна за Бадниковата вечера и други намирници - вели Христијан Георгиевски, претседател на „Крепост“.

    На списокот на „Крепост“ има 45 семејства на кои им е потребна помош и за кои се донира. Георгиевски вели дека оние луѓе кои се работоспособни се случува интервентно да им треба донација, но по извесен период успеваат да се снајдат и да застанат на свои нозе.