Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хуманитарното здружение “Крепост“ во првите шест месеци од 2015 година, има реализирано 150 хуманитарни акции.
Членовите на “Крепост“ велат дека секој месец реализираат од 20 до 30 акции, за помош на посиромашните сограѓани. На нивната листа има педесетина загрозени семејства на кои им е неопходна помош.
„Иако ни се приклучуваат донатори и фирми, треба многу поголема самосвест од граѓаните и фирмите, за донирање на храна и парични средства, Она што за нив е малку, за некој може да значи целонеделен буџет. Граѓаните треба да бидат свесни дека луѓето околу нив не се толку среќни и дека “Крепост“ е организација која навистина помага“- велат од “Крепост“.
“Крепост“ пари за донации собира од своите членови или од хумани граѓани кои сакаат да помогнат.