Кревети и медицински помагала доби “Зафир Сајто“
17.06.2014 09:54
| KumanovoNews
Болнички кревети и повеќе видови на медицински помагала доби Домот за стари лица “Зафир Сајто“, од германската донација од “Еуро бајкер“ и мото клуб “Мечки“.

Донирани се 34 специјални болнички кревети, една сушара, 78 помагала за одење, 8 обични колички и 6 натказни.
- Помошта веќе е распоредена и се користи. Се работи за опрема која е користена, но е доста сочувана, погодна за стари лица и ќе ни биде од корист - велат од домот.
Оваа донација со опрема уследи по подолго време.