Мени

Без струја повеќе улици во Куманово

26.11.2026 08:21 | KumanovoNews

Денеска и во наредните денови без струја ќе останат потрошувачите на повеќе улици и населби во Куманово. 

 

Без струја повеќе улици во Куманово

Денеска од 06.30 до 15 часот, дел од улицата „Иво Лола Рибар“, дел од улицата „Партизанска“, дел од улицата „Климент Охридски“, плоштадот „Маршал Тито“ и Стопанска банка. 

Од 09 до 12.30 часот, дел од селото Отља, во општина Липково.

Утре, петок, од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

Понеделник, 30 ноември, од 09 до 12.30 часот, дел од селото Ваксинце, во општина Липково.

1 декември, од 08.30 до 13.30 часот, компанијата „Куљар“ на улицата „Козјачка“ во Доброшане, поради реконструкција на нисконапонска мрежа. 

Од 09 до 14 часот, репетиторот на А1 во Романовце и дел од селото од другата страна на железничката пруга.

 2 декември, од 08.30 до 13.30 часот, компанијата „Душан Млин“ во селото Скачковце, поради реконструкција на нисконапонска мрежа.

3 декември, од 08.45 до 13 часот, во населбата Ајдучка Чешма во Куманово, без струја ќе бидат улиците 251, 252, 253, 254, 255, 256, 258, 260, 263, 300, 304, 306 и 307.