×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Критична состојбата на повредените од Романовце

    24.02.2020 11:07 | KumanovoNews

    Здравствената состојба на повредените во вчерашната експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце е многу тешка, тврдат лекарите.


    Критична состојбата на повредените од Романовце

    На Клиниката за Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) примени се тројца пациенти и тоа две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

    Жените имаат 80 проценти изгореници по телотот. Лекарите кажуваат дека се приклучени на апарати се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Третиот пациен е со 45 отсто изгореници.

    - Состојбата на двете жени е доста тешка и критична, но се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници, повреди и изгореници над 80 отсто, а мажот има изгореници кои се 45 отсто. Мажот има 65 години, а жените се на возраст од 35 и 50-тина години. Немаат други повреди, изгорениците се предоминатнти и тројцата се на апарти за вештачко дишење , рече д-р Илир Хасани.

    И останатите тројца пациенти кои се сместени на линиката за хируршки болести „Св. Наум Охридски се во тешка состојба.  Триесет и едногодишна пациентка има изгореност на телото од 80 проценти.

    - Таа е во крајно тешка состојба и е на машина за вештачко дишење и е со изгореници на дишните патишта. Втората пациентка е на 28 години со 25 отсто изгореници, таа е во седми месец од бременоста и состојбата се следи, како и дете на 10 години, кај кој има 75 осто изгореници. Сега е во стабилна, но тешка состојба , рече д-р Љубен Арсенков.

    Досега во несреќата починаа 4 лица. Несреќата се случи вчера во 10 часот, кога при експлозија на плинска боца загинаа три деца на возраст од 8 од 9 и 11 години, а седум членови на семејството беа тешко повредени.

    Според соседите, децата заедно со нивните мајки кои се сестри, од кои едната од Куманово, другата од липковското село Виштица, дошле вчера на гости кај нивните роднини во Романовце. Утринава додека сите биле во кујната и дневната соба, дошло до експлозијата, при што трите деца починале на лице место, а уште седум членови на семејтвото се здобиле со тешко повредени и изгореници.