Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надојдените води на Крива Река и доловите поплавија повеќе делови во Крива Паланка, нанесувајќи штети на поплавените подрачја. Граѓаните на социјалните мрежи споделија вознемирувачки снимки од надојдените води.
Крива Река ги поплави прешачко - веосипедската патека и урбаната опрема, дрвените мостови за пешаците, а оштетени се и возила и дрвните насади.
Општината издаде итно известување до граѓаните дека поради обилните врнежи е дојдено до поголемо излевање на повеќе долови, Домачки Дол, Куков Дол, а надојдените водотеци и буици предизвикаа излевање на Крива Река.
Од општината повикуваат на смиреност по новонастанатата состојба и информираат дека службите се на терен, се превземаат сите мерки и дека состојбата е под контрола.
„Се повикуваат сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течението на Крива Река, како и во реоните кадешто има појава на свлечишта“, стои во
соопштението до јавноста.
Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта треба да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000.
Поплавите се последица на обилните дождови во текот на целата недела, и невремето кое попладне го зафати градот и околните села.