×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Издале пасош на косовски државјанин - кривична пријава за две вработени

    12.05.2025 17:26 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, поради  постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

    Издале пасош на косовски државјанин - кривична пријава за две вработени

    „М.А. - вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.август 2017 година примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за потполнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без нитуи еден личен податок. Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј.(50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и патна исправа од РСМ.

    Додека пак, второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа. На 30.08.2017, таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице“, соопшти МВР.