×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за објавување на списоците со имиња на кумановци заболени од коронавирус

    10.04.2020 12:20 | KumanovoNews

     Агенцијата за заштита на личните податоци до Основното јавното обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за кривично дело злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик.

    Кривична пријава за објавување на списоците со имиња на кумановци заболени од коронавирус

    На списоците кои кружеа на социјалните мрежи неовластено беа објавени лични податоци на лица од Куманово кои се заболени од КОВИД-19, со посочени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење.

    - Ваквата обработка на личните податоци вклучително и фотографирање на списоци со лични податоци на лица кои се инфицирани со коронавирусот или пак се во домашна изолација или во државен карантин, како и нивно објавување и било какво друго споделување без законски основ, претставува прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и дека ваквиот начин на обработка на личните податоци претставува кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 од Кривичниот законик за што е пропишана парична казна или казна затвор, - соопштуваат од Агенцијата.

    Согласно Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета, а може да се врши само во строго утврдени исклучоци согласно закон.

    - Агенцијата за заштита на личните податоци нагласува дека исклучоците за обработка на овие податоци утврдени со закон, не се однесуваат на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација, па оттука секое објавување и споделување на лични податоци од страна на неовластени лица, за лица заболени од корона вирус или лица кои се во домашна изолација или во државен карантин, претставува повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци и подлежи на санкции согласно закон, - додаваат од Агенцијата.