Кривична пријава за поседување оружје
        12.02.2020 15:55
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      СВР Куманово поднесена кривична пријава против Д.С.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
 
                  На 14.11.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени девет куршуми од различен калибар, рачно изработена направа за испукување и кутија со 50 куршуми калибар 7,65 мм.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



