×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за поранешен началник во МВР

    08.01.2025 15:17 | KumanovoNews

    Одделот за внатрешна контрола при МВР до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик.

     

    Кривична пријава за поранешен началник во МВР

    „Пријавениот, како поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, со искористување на својата службена положба и овластување нецелосно ја прикажал фактичката состојба за поседување на соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар со уредно впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов со што им овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР.

     Пријавениот, иако знаел дека воздухопловните техничари поседуваат важечка дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале успешно завршена обука за конкретен тип на воздухоплов според соодветна програма и немале впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов, овозможил да им биде исплатуван додаток на плата од 20% од моментот на засновање на работниот однос во МВР, спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР.

    На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од 926.486 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на МВР. Против Н.А., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место - суспензија до завршување на дисциплинската постапката“, соопшти МВР