Мени

Кривична за насилниците што истепаа момче на улица

01.07.2016 09:33 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.М.(22), А.А.(21), Н.М.(21), Љ.С.(19) и Р.А.(19) сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Кривична за насилниците што истепаа момче на улица

Пријавените на 31.мај годинава, 30 минути по полноќ на ул. „Доктор Рибар“ го пресретнале Д.С. од Куманово и без повод и причина физички го нападнале удирајќи го по главата и телото по што му нанеле телесни повреди.