Кривична за примање поткуп за раководителот на КЕЦ Куманово
04.01.2016 14:56
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Ј. (55) од Скопје, вработен во ЕВН-Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп.

Тој од крајот на 2014 до ноември 2015 година, како раководител на КЕЦ-Куманово иако бил должен да одобри наплата на доспеани фактури, во повеќе наврати побарал и примил вкупно 9.500 евра од Љ.К. (55) од Куманово, сопственик на фирмата „Електро Куманово“ кој имал склучено спогодба со ЕВН Македонија за цените за редовно и вонредно сервисирање на енергетскиот систем, реконструкција, монтажа и друго.