Кривична за професорот што фалсификувал диплома
        20.04.2015 11:29
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановската полиција поднесе кривична пријава за употреба на исправа со невистинита содржина, против Е.М.(63) од Куманово затоа што на работа приложил фалсификувана диплома за завршено високо образование.
                  Пријавениот кој бил примен во училиштето “Наце Буѓони“ на определено време, за да го трансформира својот работен однос на неопределено време приложил фалсификувана диплома за завршено високо образование во Софија, Бугарија.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



