Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Р.(34) од Скопје, бидејќи во декември, минатата година ја ограбил обложувалницата “Плеј Ин“ во Куманово.
Разбојникот околу 21.30 часот влегол во обложувалницата на улица “Гоце Делчев“, и со закана со пиштол од вработените одзел 39.500 денари од дневниот промет и мобилен телефон во вредност од 3000 денари. Потоа мобилниот телефон во кафе бар во Скопје за 1000 денари му го продал на Б.М.(34) од скопското село Батинци, иако истиот знаел дека е украден.
Првопријавениот ќе одговара за разбојништво, а второпријавениот за прикривање во врска со разбојништво.