Кривична за стечаецот што ги испразнил магацинот на Кожара
Против З.Д.(55) од Куманово, стечаен управник на КПК„Куманово холдинг“ полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.

Тој од крајот на мај 2013 па се до средината на ноември 2015 година, спротивно на Законот за стечај, без одобрение на стечајниот судија го ангажирал Ј.М. и му ги дал клучевите од магацините каде имало машини, резервни делови и производи од кожа. На своја волја договорил и обезбедување, а договорот не го спровел и го евидентирал во деловната книга на стечајниот должник, со што за 2015 година доспеале фактури со кои го задолжил стечајниот должник за 3.220.039 денари. З.Д. во јуни 2015 година забележал дека во магацините фали роба во вредност од 3.500.000 денари, но не направил вонреден опис и му овозможил на Ј.М. незаконски да заработи, а со тоа стечајниот должник го оштетил за вкупно 6.770.039 денари.