×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за двајца вработени во „Водовод„

    30.05.2012 14:23 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Т.(41), благајник во ЈП „Водовод“ Куманово за сторени кривични дела проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги и Г.С.(51), одговорно лице во истото претпријатие за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување .

    Кривични пријави за двајца вработени во „Водовод„

    Во текот на 2009 година, Б.Т. во девет наврати паричните средства во износ од 129.988 денари наплатени од физички лица за приклучок на водоводна мрежа, ги присвоил за себе а книговодствената евиденција ја уништил.

     Додека Г.С. спротивно на Правилникот за работа на претпријатието во осум наврати со физички лица склучил договори за приклучок на водоводна мрежа без да ги потпише, притоа оневозможувајќи на претрпијатието да поднесе тужбени барања против лицата за наплата на должнички побарувања.