×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за кумановци што пустошеле шуми

    28.04.2015 11:50 | KumanovoNews

    Во акцијата “Гора“, кумановската полиција поднесе кривични пријави против неколку кумановци, кои овозможиле и учествувале во пустошење на шуми.

    Кривични пријави за кумановци што пустошеле шуми

    Во 2012 и 2013 година, И.А.(53) од село Режановце, самостоен референт за геодетски работи во Одделение за катастар за недвижности Куманово, оформил предмети по службена должност за наводна исправка на техничка грешка за 13 парцели, со површина од 275.857 метри квадратни од катастарска општина М'гленце, кои биле во сопственост на Република Македонија, како и 15 парцели од истата општина со површина од 117.881 метри квадратни со неутврдени права на сопственост. Тој изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел невистинити податоци за сопственост, ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата и за надомест од 1200 евра ги префлил во имотните листови на С.С.(40), С.С.(61) од село Долно Којнаре, на Љ.С.(33) од М'гленце и  М.А. и С.С. По ова С.С., С.С. и Љ.С. ги искористиле лажните документи пред стручни лица , добиле дозвола за сеча со што исекле 1.061 метри квадратни огревно дрво и го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.906.500 денари.

    И.А. ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа, а С.С., С.С. и Љ.С. за употреба на исправа со невистинита содржина и пустошење шума.