×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за раководители на “Водовод“

    14.08.2013 11:02 | KumanovoNews

     Вработени во ЈП „Водовод„ ја злоупотребиле службената положба и овластување и неколку години усно договарале изградби на водоводна и фекална канализација, спротивно правилата во фирмата.

    Кривични пријави за раководители на “Водовод“

    В.Б.(37), Г.М.(50), Р.И.(42), Г.С.(42) и С.Ј.(42), вработени во ЈП „Водовод“, во периодот од 2006 до 2011 година, спротивно на Законот за градење, Законот за локална самоуправа и одлуките на Општина Куманово, склучувале договори или усмено се договарале со правни и физички лица за изградба на водоводна и фекална канализација на неколку локациии во Куманово. При тоа го  оштетиле ЈП “Водовод“ за 10.077.938 денари.

    Тие ќе одговараат за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во врска со помагање и продолжено кривично дело.