Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.Љ. (42), Џ.Љ. (39), Р.Љ. (34), Г.Љ.(25) и Р.Љ..(21) сите од Куманово за сторено криивчно дело насилство, додека Џ.Љ. е пријавен и за тешка телесна повреда.
Тепачката се случила на средината на минатиот месец во месноста „Говедарски Пат“ во близина на Филтер станицата Куманово, кога првите тројца пријавени го пресретнале Џ.Љ. од Куманово и започнале расправија со него. Потоа физички го нападнале, а по кратко време дошле синовите на нападнатиот, по што настанала тепачка во која Џ.Љ. со дрвен стап на Г.Љ. му нанел повреда во рака.