×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични за кумановци, едниот не бил во самоизолација, другиот не го затворил угостителскиот објект

    20.03.2020 10:40 | KumanovoNews

    Против две лица од Куманово поднесени се кривични пријави затоа што не ги почитувале владините мерките за ширење на коронавирусот.

    Кривични за кумановци, едниот не бил во самоизолација, другиот не го затворил угостителскиот објект

    До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик.

    Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17.03.2020 влегол преку Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници на 18.03.2020 истиот не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

         Во вториот случај, поднесена е кривична пријава против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик.

    На 18.03.2020 пријавениот, како сопственик на  угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Владата, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци.