×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризна состојба во Куманово и редовна дезинфекција на заедничките простории од управителите на зградите, побара Кризнио штаб

    01.04.2020 17:48 | KumanovoNews

     Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на корона вирус.

    Кризна состојба во Куманово и редовна дезинфекција на заедничките простории од управителите на зградите, побара Кризнио штаб

    На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

    - Бараме од Владата да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот;

    - Согласно член 19 став 1 подстав 2 од Закон за домување („Службен Весник на Република Македонија“ бр.99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18), каде е наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од Општински штаб за заштита и спасување бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината.