×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризниот штаб и граѓаните бараат да се нормализира градскиот превоз во Куманово

    11.05.2020 17:53 | KumanovoNews

     Општинскиот штаб за заштита и спасување бара локалните и државни институции во најкраток можен рок да најдат решение и да го стават во функција јавниот градски превоз за потребите на стопанството. 

    Кризниот штаб и граѓаните бараат да се нормализира градскиот превоз во Куманово

     Ова уследи откако минатата недела претставници од Локалниот економско-социјален совет при Општина Куманово одржаа средба со стопанствениците во градот, кои при тоа побарале да се создадат услови за непречено работење на нивните фирми.  

    „Согласно барањата на предходно одржаниот состанок со претставници на Локален економски совет како едно од приоритетни барања е за делумно враќање на градскиот превоз за потреби на стопанството, препорачуваме до градоначалникот во консултација со Владата во најкус можен рок да излезе со предлог за реализација на горенаведеното барање“, стои во соопштението на Кризниот штаб.

    И жителите од приградските населби и селата, како и граѓаните кои работат во Скопје се се` погласни во барањата да се нормализира јавниот градски и меѓуградски превоз, бидејќи немаат услови да одат на работа, а поради користењето на такси услугите имаат дополнителни трошоци во буџетот.

    „Каде да се обратиме за да бараме да го вратат градскиот превоз. Се функционира нормално, фирмите и продавниците работат, а ние немаме начин како да отидеме на работа. Плаќаме такси или возиме на смена, но тоа не е решение и чини поскапо. Граѓаните и така се на минимална плата или воопшто не примиле а имаат екстра трошок кој никој не го покрива“, - вели наша сограѓанка.

    Меѓуградскиот и градскиот превоз во Куманово беше укинат на 24 март од Владата, за да се спречи ширењето на вирусот во градот и регионот. Од тогаш до Куманово како регионален центар прекинат е линискиот автобуски превоз и единствено со автомобил може да се стигне од двете соседни општини Липково и Старо Нагоричане, како и останатите во регионот.

    Во Куманово денеска немаше новозаболени од кронавирус, а вкупниот број на заболени во градот за време на кризата изнесува 408.