Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За разлика од месец мај и јуни кога на инфективното одделение во Општа болница Куманово месечно се примаа по 15 пациенти со убоди на прлежи сега ситуацијата е подобрена.
Месецов се регистрирани само двајца пациенти со убоди на крлежи.
Секоја година е така, обично во мај и јуни има повеќе граѓани кои бараат помош поради убоди од крлежи. Така е затоа што тогаш тревната вегетација е побујна и крлежите не се видливи. Ако се случи некој да биде каснат од крлеж, треба да се јави во болница за 24 часа. Сам не може да си помогне. Мора да дојде овде, па да го упатиме на хируршко одделение. Мој совет е навечер луѓето да си прават самопреглед, да видат на нозете или на друг дел од телото да не им се закачил крлеж - вели Азиз Бајрами, инфектолог.
Ако навреме не се интервенира, убодот од крлеж може да го наруши здравјето и да се јави лајмска болест.
Пред еден месец локалната самоуправа изврши прскање од крлежи на сите јавни површини и паркови во градот.