Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.А.(34) од Куманово, ноќеска дивеел во казиното “Сенатор“, бидејќи не го послужиле со пијалок.
Инциденото се случил 20 минути по полноќ во казиното „Сенатор“ на Градскиот плоштад, кога С.А. нарачал пијалок.Револтиран бидејќи една од вработените одбила да го послужи, почнал да фрла шишиња по казиното и да ги крши апаратите за игра на среќа. Од дивеењето на С.А., се исплашиле другите госи, кои го напуштиле локалот. Насилникот е приведен во полиција и по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.