Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште “Крсте Мисирков“ од февруари годинава користи смарт табла која е донација од Министерството за образование.
Таблата е поврзана со лаптоп, имаме софтвер, лиценца која трае пет години. Интерактивната табла е поврзана со компјутер и така е овозможено „Итеракција – човек- комјутер. Може да се црта, бои, да се снима одреден час, снимениот час може да се отвири нареден ден и да се продолжи со работа. Имаме геометриски фигури за математика, готови шаблони за физичко, мултимедијални презинтации итн. Моментално имаме сертификати јас и професорот по физичко, Југослав Спасиќ за користење на оваа табла. Ќе организираме обуки за другите професори за да ја користат интерактивната табла - вели Бобан Поповски, професор по информатика.
Тој објаснува дека учениците се презадоволни од смарт таблата, не користат маркери, креди и се повнимателни на часот.
На смарт таблата може да се пишува со прст, и тоа ја зголемува желбата на учениците за активност на часови.
Професорот Поповски раскажува дека на многу олимпијади, натпревари за напредно програмирање имаат освоени први, втори и трети места и со тие 40 дипломи конкурирале за добивање на смарт табла.