×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крстевски:Агенцијата нема доставено списоци за заменските наставници

    24.01.2015 13:30 | KumanovoNews

    Од Секторот за образование во Општина Куманово негираат дека вчера во училиштата пристигнале околу 70 проценти од заменските наставници, кои треба да почнат со работа во училиштата на местата на оние кои штрајкуваат.

    Крстевски:Агенцијата нема доставено списоци за заменските наставници

    Наместо 1350 луѓе, колку што барале од Општината Куманово, од Агенцијата пратиле педесетина луѓе без никакви документи од каде доаѓаат.

    Агенцијата за вработување до училиштата нема испратено официјално писмено известување кои наставници ќе ги ангажира. Тие што вчера дошле во училиштата се претставиле како заменски наставници,а притоа немале никаков доказ дека се пратени од Агенцијата. Од понеделник ако ги достават списоците директорите ќе ги примат и лицата ќе бидат тестирани. Оние што ќе ги исполнат условите пропишани со закон ќе бидат ангажирани. Додека не добиеме писмено известување нема никого да примиме, - вели Жико Крстевски в.д. раководител во Секторот за образование.

    Тој се надева дека ќе се подобри комуникацијата помеѓу училиштата и Агенцијата за вработување и ќе се одвива согласно законите на оваа дејност.

    Од општината Куманово уште пред почетокот на штрајкот тврдеа дека во Агенцијата за вработување нема толкав број на просветни работници, кои можат да бидат ангажирани како заменски наставници. Покрај Куманово, и општината Липково чека околу 300 заменски наставници.