Крводарителска акција со учениците од „Перо Наков“
23.11.2015 09:17
| KumanovoNews
Учениците од албанските паралелки од средното училиште „Перо Наков“ утре ќе даруваат крв од 13 до 16 часот.

Од Црвен Крст очекуваат да бидат собрани околу 20 единици крв. Во четврток крв ќе даруваат и учениците од македонските паралелки од истото училиште, од 13 до 17 часот и се очекува да бидат дарувани над 40 крвни единици.