КУД “Карпош“ слави 3 години постоење
14.05.2013 14:43
| KumanovoNews
Културно-уметничкото друштво “Карпош“ на 25 мај, ќе слави тригодишен јубилеј со целовечерен концерт во салата Панко Брашнаров.

Ќе настапи најмалата, средната и постарата постава на друштвото со сплетови. Имаме гости од Србија, тоа е изворната група Валакојне со 30 играорци. Три години работиме, многу се докажуваме. Не застануваме тука, работиме со исто темпо - вели Слаѓана Стефановска, секретар во КУД “Карпош“.
Ансамблот брои 68 члена и досега има реализирано 40 настапи. КУД “Карпош“ има добиено една златна плакета, гран при во Србија и три први награди.