КУД “Карпош“ со концерт за празник на градот
13.11.2014 11:53
| KumanovoNews
Во салата “Панко Брашнаров“ на 22 месецов, културно - уметничкото друштво „Карпош“ ќе организира концерт посветен на 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово.

На концертот гости ќе им биде друштвото “Фолклористи“ од Крива Паланка.
“Мотото ни е “Куманово и ние сме дел од тебе“. Ќе се претставиме со кумановски игри и песни. Ќе ги презентираме сите групи, бидејќи постоиме петта година, во населба Карпош имаме вкупно 170 члена, во Старо Нагоричане и во Агино Село“, - вели Слаѓана Стефановска, костимограф и секретар во КУД„Карпош“.
Почетокот на концертот е закажан за 19.30 часот.